Времето утре променливо облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе седвижи од 8 до 15 степени,  а максималната од 20 до 28 степени.

Во Скопје утре променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северн ветер. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 24 степени.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и до нула степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.