Времето денеска променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд претежно во источните делови, а попладне со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен претежно северозападен ветер кој долж Повардарието повремено ќе биде силен. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северен ветер, претпладне со краткотраен дожд, а попладне со сончеви периоди.

Утре попладне во западните и јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури значително ќе опаднат.

Во четврток Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Ќе се разбудиме со само 2 степени а максималната во текот на денот нема да надмине 10 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.