Во текот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност.
Во попладневните часови само во крајните североисточни предели ќе има услови за локален краткотраен дожди грмежи. Ќе дува умерен, на некои места повремено до засилен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, најавува Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 30 степени.
Потоа во сабота попладне ќе има изолиран развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.
Од недела пак следува нов период во кој во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите на воздухот пак во текот на следните денови ќе бележат тенденција на незначителен пад, што значи дека и понатаму ќе продолжи пријатното топло време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.