Од пладневните часови на повеќе места во западните делови беше нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално процесите беа поинтензивни со појава на град. Во моментов поизразена нестабилност во форма на невреме има во северниот дел од Пелагонија во подрачјето околу Прилеп како и во Скопје.

УХМР соопшти дека нестабилното време постепено ќе се прошири преку централните кон источните делови од земјава, каде локално се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.