Циклонот Невен кој неодамна ја зафати државава ќе донесе снег во поголемиот дел од државава и тоа во четврток, токму ова е поради студениот воздух кој е во склоп со овој циклонски систем, јавува Славчо Поповски.
Во четврток очекуваме врнежи претежно од снег во поголемиот дел од државава, на некои места ќе има услови и за појава на замрзнат дожд или пак за дожд кој се смрзнува директно со допирот на тлото па затоа на возачите им препорачуваме да бидат крајно претпазливи доколку патуваат, особено да внимаваат и низ планинските превои каде има и тоа какви услови за појава на голомразица.
Снежната покривка на повисоките места и на планините се очекува да се зголеми за 10 до 20 цм, локално и за повеќе додека услови за снежна покривка ќе има и на некои од пониските места.
Инаку утрешното утро, а особено утрото во среда ќе биде многу студено кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени додека на планинските места со поголема надморска височина дури до околу па и под -15 степени.
Максималните дневни температури ќе бидат најниски токму во четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од -3 д 0 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.