Денес во попладневните и вечерните часови во јужните, додека во текот на ноќта и утре и на повеќе места ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Нестабилно ќе биде и во Скопскиот регион со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме. Температурата ќе се искачи до околу 32 степени, додека од недела истата ќе биде во мал пораст и ќе се искачи до околу 34 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.