Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат неколку улици од општините Сарај, Крапош и Центар.

Како што известуваат од ЕВН, утре од 08:00 до 12:30 часот, во општина Центар прекин на електричната енергија ќе има на улицата „Костадин Кирков“.

Од 09:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат улиците „Гиго Михајлоски“ бр. 6 и „Даскал Камче“ бр. 1. во општина Карпош, а од 09:00 до 13:00 часот, дел од селото Арнакија во општина Сарај и ул.„Серска“ бр. 18 и ул.„Востаничка“ бр. 31 и 44. во општина Кисела Вода.

Од 12:00 до 15:00 часот струја ќе нема на улицата „Петар Поп Арсов“ во општина Центар, а од 12:30 до 15:00 часот дел од ул. „Јуриј Гагарин“ од бр. 100 до бр. 172, дел од ул.„Струшка“ од бр. 1 до бр. 25 и дел од ул.„Козле“ од бр. 130 до бр. 170.  во општина Карпош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.