Во недела, 31 јануари, православните верници го честуваат Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.
Именден тој ден ќе празнуваат: Атанас, Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…
Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.
Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па постои верување дека дотогаш главните студови веќе се поминати. Но, како предупредување дека зимата се уште не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот врз нас“.
На Свети Атанасиј денот ќе биде подолг. Од 21 декември денот почнува да се зголемува, но денот од 31 јануари ќе биде подолг за еден час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.