Месец мај оваа година треба да биде малку потопол за разлика од изминатата година што значи дека може да очекуваме продори на топли воздушни бранови од северните предели на Африка кој ќе условат летни температури на воздухот (над 30 степени), пишува Славчо Поповски.
Меѓутоа треба да очекуваме и повремени дестабилизирање на атмосферата, односно развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, електрични празнења и локална појава на град што значи дека процесите повремено и локално ќе бидат застапени и во форма на невреме.
Секако и во месец мај повремено може да очекуваме посвежи продори од север, инаку во претходните најави информираме дека веќе уште во текот на следната недела нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која ќе услови значително повисоки температури на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачат над 20 степени додека во најтоплите делови од државава очекуваме истите да се искачат дури до близу 30 степени. Да напоменеме дека атмосферата и понатаму нема да биде во целост стабилна па така може да очекуваме локална нестабилност и локални врнежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.