Корисниците на Фејсбук Месинџер можеби треба да размислат да се откажат од популарната апликација по советот на експертот за сајбер безбедност Зака Дофман, кој вели дека користењето на услугите во моментов на апликацијата може сериозно да го ризикува пресретнувањето на испратените пораки.
-Треба да се префрлите на лична комуникација и разговор или што и да сакате да е безбедно, најмалку на ВатсАт или уште подобро на Сигнал, ги предупредува Дофман корисниците во својот текст објавен на Форбс.
Ова можеби звучи драматично, но има добра поента. За оние кои не се свесни, Месинџер допрва треба да воведее end-to-end енкрипција во својот сервис. Бес дополнувања до подесувањата, започнувањето на нов разговор – вашите пораки повеќе нема да бидат заштитени од љубопитните погледи. Ова всушност значи дека се што се испраќа мешу еден до друг уред може да биде пресретнато и испратено на трета страна.
Додека ВатсАп, освен Сигнал, е една од оние апликации кои ја имаат воведено оваа некрипција, Месинџер заостанува.
Компанијата е свесна дека очигледно не успева да ги исполни овие мерки на безбедност, па во неодамнешната објава се вели: „Работиме напорно на тоа да воведеме end-to-end енкрипција во сите наши услуги за разменување на пораки.“.
Месинџер се подобрува и со фактот што Фејсбук неодамна претстави бројни алатки за приватност и сигурност, вклучително и повеќе опции за приватност, заклучување на апликации, ограничувања за проследување пораки и уште многу други.
Сепак, Дофман нагласува дека енкрипцијата која е могу значајна ја нема, па додека не биде воведена во 2022 година, ви советува дека можеби попаметно е да пронајдете друг начин на комуникација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.