Nа планинскиот превој Ѓавато утринава има намалена видливост до 100 метри поради магла, а на останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по претежно суви коловози, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.