Водостојот на Дојранското Езеро е намален за два, а на Охридското Езеро за еден сантиметар во споредба со вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивото на Преспанското Езеро е исто како вчера, но е за 1,7 метри пониско од просекот за јули. Понизок водостој од просечниот има и Охридското Езеро и тоа за 10 сантиметри, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,64 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Пчиња, на мерното место кај Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила и Струмица кај Сушево каде нивото е повисоко од просечното.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.