До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кој локално ќе бидат и долги, во текот на ноќта кон утрешниот ден локално ќе има услови за провејување на слаб снег.
На последниот ден од оваа година ќе имаме повеќе облаци а ќе има и повремени послаби локални врнежи претежно од снег иако на некои од пониските места има услови за дожд и снег, ќе започне да дува и умерен, на моменти повремено засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени во крајниот југоисточен дел од државава.
За време на новогодишната ноќ локално ќе има слаби врнежи од снег додека темперастурите на воздухот ќе се движат во интервалот од -5 до 1 степен.
Сибирски бран нашата држава ќе ја зафати од четврток кога температурите на воздухот ќе се спуштат дури до околу -15 степени, на планинските места и под -15 степени.
Подготви: Славчо Попоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.