На граничниот премин Табановце за излез од Македонија попладнево се чека околу два часа. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од денеска регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е нормализиран за секаков вид на сообраќај. Тој беше во прекин поради изведување градежни активности.

Од АМСМ за утре најавуваат прекин на сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање). Сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:30 и 14:30 часот во времетраење од 15 до 20 минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.