Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на ГП Табановце, каде што задржувањата се околу 40 минути, соопшти Автомото сојузот.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На Белградскиот саем и во спортскиот центар Чаир во Ниш викендов ќе се ревакцинираат околу 15. 000 македонски граѓани, кои на 27 и 28 март ја примија првата доза на вакцината АстраЗенека, а продолжува и слободната вакцинација на македонските граѓани на останатите вакцинални пунктови во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.