Највисока снежна покривка измерена утрово од 21 сантиметар има на Попова Шапка, следат Маврови Анови со 9 см, 3 во Крива Паланка и 2 см во Крушево.
Најстудено е во Тетово со температура од минуст 5 степени, минус 4 се измерени во Скопје Зајчев Рид, во Крива Паланка, Битола и во Прилеп, минус 2 во Штип, Струмица и Лазарополе, минус 1 се регистрирани во Демир Капија и Претор. Во Охрид и Крушево утрово со нула степени, 1 во Маврово и Виница, 2 во Гевгелија и 4 во Дојран.
Времето е умерено до значително облачно, по котлините со магла. Особено намалена видливост има во Полог и Беровско, како и на некои планински превои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.