На градскиот плоштад во Куманово во близина на Тутунска банкa, утринава пукнала водоводна цевка. Од притисокот водата направила кратер од 5 метри, а река вода се слевала по улицата „Ленинова“.
Како што информираат од ЈП „Водовод“ екипите се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот. Се очекува водоснабдувањето да се нормализира во текот на денот.
Без вода се потрошувачите во централното подрачје, околу градскиот плоштад и улицата Ленинова.
Извор Куманово њуз
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.