Интензитетот на сообраќајот за излез од државава е секојдневен со максимално задржување од десетина минути за завршување на граничните формалности за проверка на документите, информираа граничните полициски и царински службеници на граничниот премин Богородица.

Колоните возила на наша страна се движат брзо. Сите сообраќајни ленти функционираат поради што состојбата е релаксирана и за нас и за туристите кои чекаат да ја преминат границата, велат од дежурната служба на ГП Богородица.

Состојбата, според нивни сознанија, е иста и на граничниот премин Евзони на влез во Грција каде функционираат шест сообраќајни ленти и задржувањето е исто така десетина минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.