Колони возила и утрово на граничниот премин „Богородица“ од македонска страна за влез во соседна Грција.
Туристите кои сакаат да влезат во соседството и денеска се заглавени на граничниот премин чекајќи од половина до еден час за влез во Грција.
Речиси секојдневно се евидентираат гужви на овој граничен премин, особено во последните денови пред викендот и деновите од него.
Освен македонски туристи соседната земја ја преполнија и српските туристи кои преку Македонија заминуваат во Грција.
Инаку до денес важат претходните правила воведени од страна на грчките власти, а се однесуваат на влез во земјата со две примени дози на вакцина, негативен ПЦР тест или доказ за прележаниот вирус.
Утрово слична е ситуацијата и на граничниот премин „Ќафасан“ за влез во соседна Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.