Борјан Гигов на 19 мај наполни 7 години. Ова детенце има повеќе дијагнози: аутизам, алалија, комбинирани пречки во развојот… Иако му беше одобрен оперативаен третман во Германија со матични клетки, мајката и таткото на Борјан, Ане и Трајче, не успеаја да собера тодоволно средства за Германија, па зафатот беше извршен во Турција.

Третманот на Борјан помина во најдобар ред во Лив хоспитал во Турција. Во понеделникот му беа извршени сите лабораториски испитувања и сѐ бее во ред, а операцијата со матични клетки беше извршена во вторникот. Од вчера е на домашно лекување. Ни дадоа препорака за диета и куп витамини и лекови. Резултатите од успешниот третман треба да ги видиме за една недела, а најдоцна за еден месец треба да му се аплицира втората доза матични клетки. Овој третман чини 9000 евра плус трошоците за престоји витамини, би нѐ чинело 9500-10.000 евра, вели таткото на Борјан Трајче, кој ни испрати и фотографии од Борјан по операцијата.

За Борјан да може да ги надмине сите потешкотии, да може да тргне во школо, да може да следи настава како сите деца, да може на тато и на мама да им каже колку ги сака…, апелираат родителите за втора шанса за седумгодишниот Борјан.

Отворени се донациски броеви на Телеком 143 177 и на ВИП 143 471.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.