Продолжениот празничен викенд направи хаос на граничните премини во државата. Интензитетот на сообраќајот низ земјава е зголемен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања, освен на „Богородица“ каде времето на чекање е околу 30 – 45 минути, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, но и покрај тоа, се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова, според АМСМ, посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.