Метеосервисот Акуведр ја објави најновата долгорочна прогноза за есента во Европа.

Сушата за време на летото зафати многу подрачја, а преминувањето на летото во есен нема да биде воочливо за многу Европејци, затоа што високите температури во западните и средни подрачја на континентот ќе се задржат се до септември, се вели во прогнозата.

Во Шпанија, како што се предвидува, ќе има комбинација од жештини и сушни услови, односно топлу денови надвор од просекот на есен, пренесува порталот Индекс.

Тоа би можело да значи дека градови како Париз, Франфурт, Луксембур, Келн и Берлин може да имаат температура и до 32 степени. Последен пат тоа се случило на средината на септември во 2016 година. Иако ќе биде топло и во првата половина на септември тоа не значи дека периодот ќе биде сушен – рекол метеорологот Тајлер Ројс.

Понатаму кон истокот, Ројс очекува дека прилично влажното лето во Норвешка и Финска ќе продолжи со дождлива есен, благодарение на северноевропските бури. Дождот нема да запре се до вториот дел од сезоната, кога ќе се врати времето без врнежи, па дури и можеби ќе биде топло.

Според Ројс, тропските бури би можело да ја погодат Европа наво различни болици, од благи ветрови до силни налети, од малку дожд до обилни поплави.

Во вториот дел од годишното време, времето ќе се промени, па бурите ќе донесат зголемен ризик за јужна Франција и Португалија, додека заканите од врнежи за Германија и северна Франција ќе се намалат.

Сезоната на пожари ќе биде краткотрајна, но прилично интензивна. Пред да започнат дождовите, заканата од пожари може да се појави на почетокот на есента – објаснил Ројс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.