Министерството за надворешни работи формираше кризен штаб во врска со автобуската несреќа што се случи во Бугарија во којашто загинаа најмалку 45 лица.
Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во која многу наши државјани ги изгубија своите животи, министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека во министерството веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата – наведуваат од МНР.
Од Министерството информираат и дека негови двајца вработени се упатени на помош во Амбасадата на Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.
За оваа цел, Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет на телефонскиот број 075 273 732 – информираат од МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.