Претпладне на истокот ќе биде сончево, а кон запад со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а на крајниот запад ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, информира УХМР.

Попладне на север краткотрајно ќе засилува северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а дневната од 28 до 36 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно попладне ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 33 степени.

До четврток ќе биде претежно стабилно и суво, освен што денес и утре во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок ќе има зголемена облачност, повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.