И понатаму му нема крај на септемвриското лето во државава, што значи дека и натаму нашата држава ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, соопштува метеорологот Славчо Попоски.
Времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималните дневни температури на воздухот нема многу да се менуваат во споредба со сегашните, односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.