Попладне, во текот на ноќта и во среда ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Локално ќе има појава на грмежи со пороен дожд и засилен ветер, особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2.

Утре претпладне ќе преовладува сончево со умерена облачност а по котлинте магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

В среда, на 20 ноември темературата ќе се движи од 8 до 17 степени, а се најавуваат и врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Локално ќе има појава на грмежи со пороен дожд и засилен ветер, особено во југоисточните делови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.