Следува период на променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд, а дневните температури ќе бидат во благо опаѓање. Кон крајот на оваа и почетокот на идната седмица локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Посебно треба да внимаваат метеопатите, кои овие промени посебно ќе ги почувствуваат. На сите чувствителни или хронично болни лица им се препорачува да бидат внимателни.

Можни се главоболки, вртоглавици, нервоза и омалаксаност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.