Жолт метео аларм поради сибирските температури и ветер во Македонија за денеска и утре има издадено европскиот метео аларм.

Според информациите утре да го имаме најстуденото утро од овој бран, кога температурата ќе се спушти до -15 степени целзиусови.

Изминативе денови во Битола беше измерен рекорд од -20 степени целзиусови.

Во наредниве денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури неколку степени под или околу нулата, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под -15 степени.

Извор: ТВ21



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.