Во текот на следните денови нашата територија ќе биде под влијание на нов Африкански бран и истиот ќе услови значителен пораст на максималните дневни температури на воздухот – вели прогнозата на Славчо Поповски.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност а ќе продолжи да дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Најтопло ќе биде на средината од наредната недела но сепак некој екстремно високи температури на воздухот не се очекуваат и истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност но не и ЕКСТРЕМНА односно истиот ќе се искачи на коефициент од 7 до 8. Во ваква ситуација на граѓаните ги советуваме да пијат што повеќе течности и да ја избегнуваат мрсната храна во најтоплиот дел од денот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.