Православните христијани се подготвуваат за празнување на еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави Св. Архангел Михаил. Верскиот празник се одбележува на 21 ноември.
Според црковните преданија, ангелот Михаил е прв кој стапил во борба со злите духови и тоа име според црковно толкување означува „оној кој е како Господ“. На грчки јазик „архи“ значи главен, прв, а „ангелос“ значи гласник,ангел.
Постои верување дека овој ангел е жив, и понатаму по потреба се симнува меѓу луѓето на земјата како патник или просјак. Архангел Михаил според верувањата е „жив светец“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.