Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 до 100 метри на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека.

Од ЈП Македонија пат препорачуваат крајно внимателно возење на патниот правец крак Маврово-Маврови Анови поради појава на одрони.

Можна е појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци и апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.