Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинскиот превој Буково, информира диспечерскиот информативен центар на ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на  државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.