Во текот на следните денови, под влијание на топол воздушен бран кој продира од северните предели на Африка ќе имаме стабилно, суво и сончево време повремено со умерена облачност, исклучок ќе бидат утрешните попладневни и вечерни часови кога поради позначителната локална облачност ќе има услови за слаб локален дожд, прогнозира Славчо Попоски.
Исто така деновиве ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет, температурите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината што значи истите ќе бидат повисоки од нормалните за околи десет степени и од среда ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, во централните и во југоисточните предели истите се очекува понекаде да се искачат до рано – летни 25 степени.
Граѓаните во следниот период ќе може максимално да го искористат ваквото време за прошетки во природа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.