Променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи нè очекува денеска. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и до нула степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.