Првиот ден од февруари беше проследен со екстремно топло време како за втор месец во годината, но веќе за неколку дена зимата го задава последниот удар.

Според метеоролозите, исклучително топлото време за ова време од годината ќе се задржи до вторник со максимални дневни тепемратури од 13 до 20 степени, после што се очекува пад од 15 степени.

Ќе бидат тоа три дена зима со силен ветар и снег на планините, а понекаде и на пониските места – најавуваат метеоролозите.

Веќе од 8 февруари повторно се очекува пораст на температурата и надпросечно топло време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.