На плоштадот во Куманово денеска се протестираше за чист воздух. Граѓаните велат дека негрижата на локалните власти придонела до енормното загадување и затоа градот во последните денови е меѓу најзагадените во светот, заедно со Скопје.

Посочија дека во секоја населба има по неколку диви депонии и имаат намера до градоначалникот да поднесат краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето: рестриктивно возење автомобили, бесплатен јавен превоз, ваучери за велосипеди, пешачки зони…Долгорочните барања се 5 отсто од буџетот да се намени за мерки против загадување, интензивна гасификација, купување автобуси на мазут, масовно пошумување на околината на градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.