По неверемето со силен дожд и град што попладнево го зафати Скопје, во северните делови од земјава се уште има услови за нестабилно време.

Како што велат од УХМР за МИА, нестабилната воздушна маса во моментов се движи кон Куманово.

-Скоската котлина потпладнево ја зафати нестабилна облачна маса проследена со интензивен пороен дожд, грмежи, а наместа паѓаше и град. Нестабилната маса се движи од запад кон исток. Зафатена е и Кумановската котлина. Во северните делови попладнево се уште има услови за нестабилно време, инфрмираат од УХМР.

Невремето во Скопје поплави улици во неколку населби, додека во други делови од градот интензитетот на врнежите беше послаб.

УХМР претходно најави дека под влијание на циклонска активност времето од утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со повремени врнежи и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога се очекува обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Се очекува и намалување на темепратурите до 28 степени

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.