Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општините Демир Хисар и Крушево и го одобри барањето за добивање на сопствени регистарски ознаки на возилата. За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е KS.
Од МВР информираат дека е донесена одлука за изменување на правилникот за регистрациските подрачја за возилата и нивни ознаки кој е објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 116 од 07.06.2019 година и стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.