Од утре па во текот на следните денови над европскиот континент како и на Балканскиот Полуостров ќе се стационира циклонот „Кристијан“ кој целосно ќе го промени времето во најголем дел од континентот и ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, силен ветер и локални грмежи како и услови за невреме, додека во Алпскиот регион ќе има интензивни снежни врнежи каде ќе има дополнително и значително зголемување на снежната покривка.

Од утре и нашата територија ќе се наоѓа најпрвин под периферно влијание на овој циклон кој утре попладне ќе услови зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, а има услови и за ретка појава на грмежи, локални врнежи од дожд ќе има и во текот на следните денови, повремено и од локален карактер врнежите ќе бидат и со умерен интензитет па така се очекува да наврнат над 15 л/м2 воден талог и тоа особено во западната половина од државава, ќе започне да дува и јужен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет додека пак температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначително опаѓање и тоа за околу пет до шест степени.

Според најновите и моментални анализи поинтензивни врнежи на повеќе места ќе има за време на викендот кој доаѓа.

Подготви: Славчо Попоски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.