На Фејсбук групата „Стопли срце“ споделена е информација за 15-годишно девојче кое пред неколколку дена е оперирано од тумор, но во исто време откриен му е нов тумор и не се знае пред каква битка допрва ќе биде исправено.

Девојчето уште не знае од што боледува… Следуваат испитувања со психијатар и детски психолог, за борбата која и претстои… На 15 години наместо да ужива во тинејџерството, ќе ја започне најтешката борба – борба за живот! На само 15 години!!! Родителите избезумени, збунети, без пари, еден вработен, а долга борба… Во наредниов период ќе биде потребна специјална исхрана и витамини, која чини. Луѓето едвај крај со крај врзуваат.
Ни се обратија за помош, со надеж дека ќе може да им го стоплиме срцето и да им помогнеме, да можат да го запазат и финансиски издржат посебниот начин на исхрана, пишува во постот.

 

Сто денари за шанса

Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK
Телефон за донации 143444 ( за Телеком корисници)

 

Нагласено е дека акцијата ќе трае кратко, за да се соберат минимални средства за тековната исхрана и трошоци…

Да помогнеме да обезбедат лекови, витамини и основни намирници за посебна исхрана, патот до Скопје, по болници… Да им помогнеме колку можеме во оваа тешка битка која допрва почнува.

Држи се малечка, не имаш нас, со тебе сме ❤

Бројот за донации на здружението Стопли Срце во моментов го наменуваме за малечката хероина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.