Почнувајки од петок па натака кон подрачјето на Македонија ќе се приближува нова циклонска активност што ќе ни донесе и новата промена на временската состојба.
Oд петок, а особено за време на викендот како и почетокот на следната седмица треба да очекуваме ново наоблачување кое ќе донесе доста променлив и релативно нестабилен период, со тоа и нов влажен бран со врнежи од дожд.
Овој пат врнежите би требало да бидат по распространети ширум земјава, а наместа би можеле да бидат и од пороен карактер со можност да бидат проследени со локална појава на грмежи. Во условите и местата со нестабипност нормално е да се очекува и засилување на ветерот што е всушност и типично карактеристична појава како за ова наше поднебје, така и за овој дел од годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.