Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе биде во склоп на висински циклон особено од петок па за време на викендот на многу места ќе се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштува метеорологот Славчо Поповски.
Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер како и појава на град. Поради изразената нестабилност на некои места се очекува да наврне значително количество на воден талог и тоа над 30 л/м2.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен со исклучок во петок кога истите ќе бидат малку пониски и ќе се движат во интервалот од 19 до 26 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.