Во Соборниот митрополитски храм „Свети Кирил и Методиј” во Тетово ќе започнат предавања по веронаука за деца од 10 до 15 години, информираат од тетовско-гостиварската епархија. Часовите ќе ги одржува отец Илија Деспотовски.

Со благослов на неговото високопреосвештенство митрополит Тетовско-гостиварски господин Јосиф на верниците им нудиме веронаука за нивните деца. Пријавувањето е во текот на овој месец, а предавањата ќе започнат од средината на февруари. Предавањата ќе се одржуваат во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во текот на целата година и ќе се одржуваат секоја втора сабота или два пати месечно – изјави отец Илија Деспотовски.

Пријавувањето е кај професорот по веронаука отец Илија Деспотовски или во црквата „Свети Кирил и Методиј“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.