Во текот на претстојнит викенд поголем дел од Европа ќе биде зафатен од исклучително студен арктички воздух кој ќе се задржи се до среда.

Студената маса на арктичкиот воздух овој викенд ќе погоди поголем дел од Европа, јави Severe Weather Europe. Потенцијално опасен образец ќе биде воспоставен ширум Европа со снежен горен дел над Арктичкиот регион и Атланскиот океан, што ќе резултира со снежно струење на исклучително студен арктички воздух на југот преку западна и централна Европа.

Температурите од 3 па се до 7 мај ќе бидат значајно пониски од вообичаено за овој период од годината. Постои и голем ризик од утринските мразови во деловите на источна, централна и западна Европа и Балканскиот полуостров од неделата па се до средата.

Има можност на некои подрачја да паѓа и снег, со оглед на тоа дека арктичката маса ќе се прошири преку Алпите кон северниот Медитеран и северниот Балкански полуостров со силен студен фронт.

Метеоролозите најавуваат на подрачјето на регионот студено време проследено со дожд и силни врнежи. Судејќи според прогозите скоро цел месец ќе биде ваков.

Метеоролозите тврдат дека ќе почекаме на пролетните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.