Бугарскиот граничен премин Станке Лисичково ќе се проширува со цел полесно поврзување, најпрвин со службите од граничниот премин Делчево, а потоа и подобра патна поврзаност меѓу Бугарија и  Македонија.

Според најавите на бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Маринов, проширувањето на граничниот премин Станке Лисичково може да се очекува наредната година.

Во моментов е тендерска постапка за проширување на граничниот премин. Очекуваме на почетокот на следната година да имаме нов пункт со три ленти за поминување на границата. Тоа за трипати ќе ги зголеми капацитетите во споредба со сегашната една лента со која располагаме. Тоа е чекорот кој го правиме и транспортно да ја поткрепиме Република Македонија за нејзино членство во ЕУ, рече Маринов.

Проширувањето на граничниот премин Станке Лисичково ќе биде од огромно значење за жителите на двете страни од границата, бидејќи ќе има побрз проток на сообраќајот и ќе се избегнат застоите што ги има сега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.