Летното сметање на времето ќе почне во недела, на 28 март во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот.

Летното сметање ќе заврши на 31 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.

Европскиот парламент уште пред 2 години го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија.

Ова ќе стапи на сила оваа година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето. Тоа значи дека за некои земји кои планираат да останат на летно сметање на времето, ова ќе биде последното поместување на стрелките на часовникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.