Од шпопладнево ќе има промена на времето. Се очекува зголемена облачност, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град –  велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од пладневните часови, облачноста ќе се зголемува и во Скопје каде ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во делови од регионот попладне и во текот на ноќта ќе има повремено пороен дожд, грмежи проследени со засилен ветер и услови за појава на
град.

Ваквата промена на времето ќе услови утре и во сабота намалување на температурите од четири до пет степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.