На граничните премини Богородица и Табановце, од македонска страна, за излез од државата се чека по еден час, а на Ќафасан 15 минути.

Како што информира Автомотосојузот на Македонија, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Зголемен е и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.