Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 декември, денот на Св. великомаченица Анастасија.

Зборот маченик е превод на грчкиот мартис, што значи сведок. Значи, мачениците се сведоци, кои со својот чудесен живот сведочат за една божествена стварност што им е достапна на луѓето. А тие што со животот покажале посебно сведоштво за распнатиот и воскреснат Христос, Црквата ги нарекува великомаченици. Таква беше оваа света Анастасија, по потекло римјанка од виден род. Таа ги поднесе сите неприлики со својот маж, незнабожец, ја поднесе тежината на затворот и во сето тоа не престана да ги помага затворениците и сите што се наоѓаа во некоја мака. Заради таа своја вина од римските управници свети Анастасија беше наградена со смрт, а од Христа со живот во неговите вечни живеалишта. Свети Анастасија пострада во 290 година.

Се верува дека Света Анастасија им доаѓа на помош на сите жени кои денес ќе одат во црква, ќе запалат свеќа и ќе ја изговорат оваа молитва:

Овчичката твоја Анастасија, повикува со силен глас: Тебе сопругу мој те љубам и барајќи те, страдам и се распнувам и погребувам во твоето крштевање. И страдам поради тебе, за да царувам со тебе, и умирам за тебе, за да живеам со тебе. Прими ме како чиста жртва со љубов жртвувана за тебе. Со нејзините молитви, како Милозлив, спаси ги нашите души.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.