Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -1 до 6, а максималната од 13 до 21 степен.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 18 степени.
Според УХМР, до среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Кон крајот на неделата температурите ќе бидат во пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.